Македонските новинари отидоа во Драч, Заев остана дома
Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч, каде што требаше да учествува на неформалната средба на премиерите од земјите на Западен Балкан, иако новинари и медиумски екипи веќе пристигнаа во Албанија.
Дел од новинарите веќе објавија на социјалните мрежи дека се пристигнати, додека владината служба, иако утрото беше најавено, објави дека македонскиот премиер е спречен да присуствува на средбите со балканските лидери и меѓународни претставници.
На состанокот во Драч чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, треба да се расправа за регионалната економска интеграција. На состанокот се поканети еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.
Своето учество се уште го нема
потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа
посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а
давесеттина се повредени.са/сд/
