Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските медиуми се „стишија“- сега балканот пишува за „Макпетрол“

Македонските медиуми се „стишија“- сега балканот пишува за „Макпетрол“

Додека македонските медиуми се „стишија“ за Макпетрол, компанијата на Јософовски на удар на регионалните медиуми.

Деновиве на неколку српски портали осамна името на Макпетрол и контроверзиите околу преземањето на македонскиот нафтен гигант.

Со големо внимание и во балканските медиуми се следи што се случува со една од најтргуваните компании на берзата а во анализа за Макпетрол српски Нови магазин ги опишува настаните кои беа актуелни во изминативе неколку месеци за Макпетрол.

„Сите досегашни обиди на властодршците да влезат во бизнис-царството на Макпетрол релативно лесно беа одбивани, вклучително и минатогодишните кривични пријави против највисоките менаџери на оваа фирма. Сè беше без паника до ова лето, кога како гром од ведро небо одекна понудата на лондонската тазе оформена компанија „Балкан Петролеум“ да го преземе македонскиот нафтен гигант за 50 милиони евра“, пишува „Нови Магазин“ во анализата.

Не е изоставен ниту молкот на македонските институции, а фокусот е ставен пред се на Комисијата за хартии од вредност, која и по четири месеци не открива какви било информации за постапката.

Сепак не треба да не чуди интересот на регионот за Макпетрол ако знаеме дека се работи за една од најголемите нафтени компании во Југоисточна Европа, чија дестабилизација или преоѓање во рацете на сомнителни офшор-бизнисмени би имала големи последици не само по македонското стопанство, туку и во целиот регион.

Слично

Поврзани вести