Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските компаниите знаат да управуваат со амбалажен отпад

Македонските компаниите знаат да управуваат со амбалажен отпад

Обврски кои произлегуваат од Законот за управување со пакување и отпад од пакување најголемиот дел  од компаниите во Македонија ги практикуваат. Сепак  половина од нив не се членки на ниту еден колективен постапувач со отпад од пакување, покажува истражувањето на „Пакомак“.

Според истражувањето, спроведено кај 151 компанија, или 77,5 проценти ги знаат обврските од Законот и најголемиот број од нив го оценуваат законот како позитивен за општеството.

55 проценти од испитаниците се членки на некоја компанија чија дејност е управување со отпад од пакување, а најголем  број од нив, односно 61 компанија е членка на „Пакомак“.

Но 45 проценти од компаниите не се членки на ниедна компанија колективен постапувач со отпад од пакување, а како причини за тоа ги наведуваат малите количини на отпад.

За тоа која законска можност за постапување со пакување и отпад најмногу им одговара, најголем дел или 46,4 отсто се изјасниле за колективен постапувач, 31,1 процент дека преферираат секоја компанија сама да се грижи за својот отпад, а 20,5 проценти дека е најприфатлива можноста да и плаќаат на државата за управување со отпад.

Има и такви, односно  40,1 процент кои се изјасниле дека не знаат кои се обврските на компанијата која е колективен постапувач со отпад од пакување. Останатите сметаат дека обврската на една ваква компанија би била да го собира амбалажниот отпад, да рециклира, да поставува контејнери и да го носи отпадот на депонија. Како најважни критериуми во изборот на компанија за управувањето со отпад од пакување, компаниите ги навеле цената на услугата, професионалниот однос, редовното и навремено собирање на амбалажниот отпад, сигурноста пред законот, имиџот на компанијата и квалитетот на услугата.

- За тоа дека компаниите - загадувачи треба сеуште да поработат на усогласувањето со законските регулативи за управувањето со отпадот, говорат и податоците дека од вкупната количина  115.000 тони отпад од пакување кој се создава во текот на една година, за помалку од 50.000 тони или 40 проценти се финансира негото собирање, додека за поголемиот дел ниту една компанија-загадувач со ваков отпад не плаќа, ниту пак е санкционира соодветно заради тоа, велат од „Пакомак“

Слично

Поврзани вести