Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските компании возвраќаат: Тужба за „Пионир“ за нарушен углед

Македонските компании возвраќаат: Тужба за „Пионир“ за нарушен углед

Кондиторската индустрија „Европа“ на суд ќе бара надомест за нанесена материјална штета и нарушен углед во спор против српскиот конкурент „Пионир“, кој ја обвини македонската фирма за плагијат на „Негро бонбоните“.

Директорката на „Европа“ Савка Димитрова вели дека не се работи за никаков фалсификат, туку за страв на српската компанија од конкуренцијата и пониските цени што ги нудат македонските производители.

Таа објаснува - „бонбон ноар“ на „Европа“ се произвоедува непроменето над 50 години, а првпат е евидентирана во каталог во 1982 година. Составот на „Бонбон ноар“ и на „Негро“ е различен. Слично е тоа што и двете се базирани на состојката лакриц, но процентот на месното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона воопшто не се исти. Во сегашната амбалажа се пакуваат од 2003 година и од тогаш се и на српскиот пазар, па затоа нејасна е реакцијата на „Пионир“ во овој момент.

„Ние сите се давиме во проблеми и бараме начин да се одржиме, но не прибегнуваме кон некоректни односи. Со оглед на растегливоста на законите, стравуваме дека ќе бидат наклонети кон „Пионир“, зашто спорот во Србија ќе се води. Сепак, по 11 години присуство на пазарот, никој нив не им дава за право сега да обвинуваат.Тоа е лошо за инспекторите“, вели Димитрова, која како „недозволиво“ го оценува однесувањето на српските инспектори кои треба да запленуваат ако производот им штети на здравјето на луѓето, а не да се ставаат во заштита на интересите на одреден производтел.

„Бонбон ноар“ имаат за 25-30 отсто пониска цена од „Негро бомбоните“, а Србија е прв извозен партнер на Европа со нето вредност од близу 2 милијарди евра.

Освен „Европа“, „Пионир“ за фалсификат ја обвини и фабриката „Макпрогрес“ за производот „Медени срца“. И оттаму ги отфрлаат сите обвинувања на српските конкуренти.

(ФОТО) Дали македонските медени срца и негро бонбони навистина се фалсификат на српските?

Слично

Поврзани вести