Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските компании три пати го зголемија производството на заштитна опрема, се купуваат илјадници маски низ светот

Македонските компании три пати го зголемија производството на заштитна опрема, се купуваат илјадници маски низ светот

Македонските компании во април произвеле три пати повеќе заштитна опрема во екот на корона кризата, објави Нина Ангеловска, министерката за финансии на Фејсбук. Од вакви производи е остварен приход од 390 милиони денари изминатиот месец, споредбено со 135 милиони денари во истиот период лани.

„Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет! Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот“, напиша Ангеловска.

Најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле  во:Германија, Катар, Холандија, Белгија, Австрија

„Брзата адаптација е клучот за успехот! Се шијат и извезуваат: маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ''други текстилни производи. Пример за сите - најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат: Да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите“, додава министерката.


Слично

Поврзани вести