Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските компании се чувствуваат запоставено во однос на странските инвеститори

Македонските компании се чувствуваат запоставено во однос на странските инвеститори
Домашните компании не се чувствуваат рамноправни во однос на странските инвеститори во земјава. Се жалат дека не добиваат ист третман од државата, исти даночни и царински олеснувања, исти кредитни услови... „И надвор од зоните постојат домашни компании чие производство е наменето 100 отсто за извоз. Сметаме дека тие не добиваат еднаков третман со странските компании во зоните“, вели Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. Според претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, иако сите компании кои работат во Македонија пред законот се исти, во пракса тоа не е така. „Кога доаѓа некој странски инвеститор пола Влада се крева на нозе и се труди да му обезбеди најдобри услови. Ние немаме ништо против тоа, но сакаме ист третман и за нашите компании“, вели Кучи, кој смета дека за солиден економски раст на земјата неопходна е соработка на домашните и странските компании. Министерот за економија Ваљон Сарачини не се согласува дека Владата ги фаворизира странските инвеститори. „Во ниту еден закон не постои разграничување меѓу домашни и странски инвеститори. Тие услови што важат за домашните, важат и за странските инвеститори“, вели Сарачини, кој уверува дека целта на Владата е да привлече инвеститори, без разлика дали се домашни или странци.
Слично

Поврзани вести