Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските камионџии го блокираа Блаце

Македонските камионџии го блокираа Блаце
Maкедонските камионџии ја блокираат границата со Косово. Се запира протокот на стоки и на патници.На граничниот премин присутна е и полицијата. Десетина камиони од Здружението на превозници Макамтранс и уште четири авотбуси ја блокираат границата. Тие се веќе стигнати на граничниот премин Блаце. Поделени се во две групи. Едни се во делот каде минуваат патници и автомобили. Другите го блокираат преминот за камиони. Билјана Муратовска од Макамтранс за Фактор вели дека тие бараат решавање на спорот меѓу двете земји, бидејќи веќе бројат штети. Најавуваат дека ќе ја блокираат границата се додека не се реши проблемот, а во текот на утрешниот ден очекува уште повеќе транспортери да се приклучат на блокадата на границата.
Слично

Поврзани вести