Македонските камионџии добија уште 3 месеци слободен влез на Косово
Иако беше најавено постигнување трајно решение, засега има договор само за второ одложување на воведувањето влезна такса за македонските камиони кои превезуваат стока во Косово. Министерот за економија, Ваљон Сарачини со косовските власти се договорил наплатата на таксата од 100 евра по камион да не се плаќа следниве 3 месеци. Ако во меѓувреме не се постигне договор, можно е и Македонија да воведе реципрочно решение.
Македонските транспортери веќе побараа и за косовските камиони кои влегуваат во земјава да им се наплатува по 100 евра.Од здружението Макам Транс забележаа и дека со воведување на таксите, косовоските власти предизвикуваат инфлација во своето стопанство.
Во меѓувреме надлежните најавија дека ќе продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение, како и дека ќе инсистираат и понатаму да остане либералниот превоз со Косово.
Косово се одлучи за воведување на таксата од 100 евра по камион при влез на граница, за да го заштити своето домашно производство. Покрај за Македонија, ваква такса воведоа и за останатите соседи, со исклучок на Албанија.
Слично
