Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските и косовските бизнисмени бараат изградба на автопатот Скопје – Приштина

Македонските и косовските бизнисмени бараат изградба на автопатот Скопје – Приштина
Изградбата на автопатот Скопје - Приштина, како и сите проекти за инфраструктурно поврзување, се клучни за зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Косово, се согласија бизнисмените од двете земји. Изградбата на овој автопат од косовска страна, иако официјално започна, беше стопирана заради промената на власта во Косово. Освен ова, бизнисмените бараат владите да бидат доследни во имплементацијата на ЦЕФТА договорот и да престане воведувањето протекционистички тарифни и нетарифни мерки надвор од дефинираните процедури зашто тоа го запира слободното движење на стоките, предизвикува загуби и создава нестабилен трговски амбиент. Во моментов, се бележи пад во трговската размена меѓу Македонија и Косово - во првите седум месеци од годинава таа изнесува 153 милиони долари или 13,5 отсто помалку од истиот период лани. Податоците се понеповолни од македонска страна - македонскиот извоз кон Косово изнесува 131,7 милиони долари што е намалување за 17,6 отсто, а увозот 21,2 милиони долари и е зголемен за 24,9 проценти. За да ја зајакнат економската соработка меѓу двете земји, Стопанските комори на Македонија  и Косово денеска договорија размена на претставници кои во соседната држава ќе ги анализираат проблемите што ја попречуваат трговската размена и ќе лобираат за нивно надминување.
Слично

Поврзани вести