Македонските граѓани по црвен тепих во Влада
Повеќе од триста граѓани денеска влегоа во Владата, за да видат како изгледа одвнатре оваа институција. Оние што сакаа да поминат на црвениот тепиш во владата, мораше да бидат пријавени неколку дена претходно. Останатите, не можеа да влезат во Влада.
Според владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, расте интересот за оваа акција. Се повеќе граѓани, вели то, сакаат да бидат дел од групата која ја посетува институцијата.
„Суштината е да се покаже една полна транспарентност која се практикува во функционирањето, да може преку црвениот тепих, граѓаните да дојдат во Владата да се запознаат со амбиентот кој владее, да може да присуствуваат на некој од настаните, да се создаде една интеракција, тоа е сепак Влада на граѓаните, нивна Влада и добро е тие да бидат гости во нејзе, да се запознаат со функционирањето, да имаат можност да поразговараат со дел од раководните лица кои ќе се затекнат во вршењето на службените работи“, рече Ѓорѓиев кој додаде и дека оваа акција е во насока на остварување подобра комуникација со граѓаните и примена на политиката на отворени врати.
„Денови на отворена Влада“ се одржува седма година. Посетата траеше од 10 до 17 часот. На деновите на отворена Влада и претходеше Денот на идеи, а за 21 декември е закажана и отворена седница на Владата.
Слично
