Македонските домаќинства напредуваат во рециклирањето на маслото за јадење
Само 1.100 домаќинства во Македонија не го фрлаат маслото за јадење и го рециклираат, објави Андреј Ѓокиќ од „Сунилекс“ во интервјуто за „Независен“.
- Во проектот соработуваме со повеќе од 1.100 семејства од цела Македонија, а бројката на заинтересирани граѓани континуирано се зголемува. Преку поширока национална кампања, сакаме нашите екоедукативни проекти да ги доближиме до сите граѓани. Како резултат на напорна работа и континуирана едукација на населението, за релативно краток период успеавме да собереме 1,25 тон отпадно масло од домаќинствата, додека преку „Рециклирај и донирај“ се донирани над 100 литри сончогледово масло до сиромашни семејства - вели Ѓокиќ.
Во Македонија се собираат над 600 тони отпадно масло на годишно ниво, односно околу 0,3 килограми по жител. Во сите земји членки на ЕУ на годишно ниво се собираат околу 725.000 тони отпадни масла и масти за јадење од индустријата и домаќинствата, што претставува 1,45 килограм по жител.
- Анализите покажуваат дека во нашата земја има простор да се собираат уште повеќе количини отпадно масло, особено кај домаќинствата, но досега немаше функционален систем за собирање од овој сегмент. За да се приближиме до европскиот просек по глава на жител, на годишно ниво треба да се собираат уште 2.000 тони отпадно масло, вели Ѓокиќ.
-
