Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските дипломати стануваат економски промотори – догодина ќе привлекуваат и странски инвестиции

Македонските дипломати стануваат економски промотори – догодина ќе привлекуваат и странски инвестиции
Македонските амбасадори и конзулите од догодина ќе треба да привлекуваат странски инвестиции. Дека од нив се очекува да бидат економски промотори им соопшти министерот за надворешни работи Никола Попоски. Вели дека ова не значи оти дипломатите ќе се оддалечат од својата функција, туку само ќе бидат застапени во повеќе гранки. „Дел од нашата стратегија што е можно да се посветиме на економската дипломатија. Во делот на политичките приоритети имаме многу јасна цел во која во континуитет успеваме да напредуваме во тој дел“, а тоа е евроатланската интеграција“, посочи Попоски на среdбата со македонските дипломати. Дводневниот состанок на државниот врв со амбасадорите во политичкиот дел беше најавено дека ќе биде посветен на добрососедските односи, на прашањето за името со Грција и негово надминување. „Проактивни сме, отворени сме за дискусија, и остануваме на нашата понуда за интензивен дијалог на политичко ниво со соговорниците од Атина. Во делот на меѓународно-правната рамка, единствен чинител, односно единствена земја која воопшто нема приметено дека Меѓународниот суд на правдата има донесено пресуда за ова прашање е токму засегнатата страна. Тоа би требало да се промени особено доколку претендираме на почитување на меѓународното право и доколку претендираме дека сакаме да бидеме фактор на стабилност во регионот. Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец„ истакна поповски и додаде дека сега во Грција политичките односи не се приоритет поради економската ситуација. За односите со Бугарија, пак вели дека се водат разговори за прашањата од заеднички интереси. „Сметам дека е многу значајно каква клима ќе изградиме на едната и на другата страна. Во однос на договорот конкретно, Македонија не е против воспоставување на било каква рамка која би ни ги подобрила односите, но таа рамка мора да води сметка за чувствата од двете страни на границите“, додаде ѓефот на македонската дипломатија. Од оваа година преку јавен оглас Владата бираше амбасадори и конзули. За 19 амбасадорски и за три конзуларни места се пријавија 700 луѓе.
Слично

Поврзани вести