Македонските БДП-квартали не можат да ги достигнат ниту најслабите на развиените земји
Кварталниот раст на БДП од само 0,1 насто не и дава предност на Македонија ниту во однос на развиените европски земји, иако станува збор за земја во развој и се очекува процентуално подобар резултат.
Првиот тримесечен извештај од 2018-та покажа само минимален напредок во однос на истиот период лани.
Што покажа „евростат“?
Вчера и „евростат“ го објави извештајот за земјите од Европската унија, а таму дури и најразвиените земји имаат подобар резултат. Единствена утеха може да се најде во Данска, која има негативен пад од -5%, додека кај другите растот е 4,4 кај Бугарија, 2,3 кај Грција, 1,5 кај Хрватска, 4,2 кај Романија. Кај најголемите економии тој е 1,2 (Велика Британија), 3,3 (Шведска), 3,4 (Австрија), 3,0 (Холандија), 1,4 (Италија), 2,2 (Франција), 2,3 (Германија), 1,5 (Белгија). Најголем раст од сите бележат Чешка (4,4), Летонија (5,1), Унгарија (4,7), Полска (5,0) и Словенија (5,0).
Проекцијата на Народна банка лажна надеж?
Последната проекција за раст на македонското БДП во 2018-та не се прилагодува на она на Европската банка за обнова и развој и од мај останува закована на 3,2 проценти раст, но дали тоа е достижно за македонската економија со низата на последните стапки.
ЕБОР од земјите во регионот овие денови ја промени проекцијата само за Романија. Сите земји од регионот на крајот од 2018-та треба да имаат подобар БДП од Македонија (2,5), освен Грција (2,2), која и онака е најразвиена земја на Балканот.
За Албанија е предвидено да забележи 3,8 проценти напредок во 2018-та, Косово (3,7), Бих (3,3), Црна Гора (3,3), Србија (2,9), Хрватска (2,7), Молдавија (3,5), Романија (4,6), Бугарија (3,6) и Словенија (4,0).
Слаби квартали во низа
Растот од само 0,1 насто не е изненадување во последните 12 месеци, бидејќи и претходните тромесечја бележат песимистички бројки. Растот на последниот квартал од 2017 е само 1,2%, оној за јули-август-септември е 0,2%, додека од почетокот на април до крајот на јуни ланската година забележан е негативен пад од -1,3%.
Тоа е доста подалеку од просечен квартален раст во низ историјата на Македонија изнесува 2,7 проценти. Најдобриот беше вториот квартал во 2005-та со рекорд од 10,7 насто, а најлош е третиот квартал во 2001-ва со негатива од -12,7.
А.К.
