Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските азиланти се намалија радикално за еден месец, одат како градежници

Македонските азиланти се намалија радикално за еден месец, одат како градежници


Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во земјите членки на ЕУ е драстично опаднат во март оваа година во споредба со претходните месеци. Oд Македонија 316 лица аплицирале за азил минатиот месец, додека пак во јануари и февруари оваа бројка изнесуваше на 600, информира Европската канцеларија за азил, ЕАСО. Од 316-та барање, 229 се први барања, останатите се повторени апликации за азил.

Една десетина од барањата за азил се повторни барања, односно лица кои биле најмалку еднаш веќе одбиени, и најчесто тие се од регионот на Западниот Балкан.

Генерално земено, пак, трендовите за март месец покажуваат мало покачување на барањата за азил ширум ЕУ во однос на февруари  значајно зголемување во однос на март минатата година.

Се верува дека ваквата тенденција за Македонија се должи на административните олеснувања и отворањето на пазарот на труд за работниците од Западен Балкан, особено во Германија, така што тие наместо азил може да пријават занает.

Главно, баратели на азил во ЕУ се од Сирија, Венецуела и Авганистан, а најголемо зголемување бележи токму Авганистан, додека пак државјаните на Венецуела втор месец по ред бележат рекорден број апликации за бегалски статус во Европа. Барањата од Сирија остануваа стабилни.


Слично

Поврзани вести