МАКЕДОНСКИОТ РЕБАЛАНС: Пица за сиромашни!
Со ребалансот на буџетот, за годинава се кратат парите наменети за капиталните инвестиции, субвенции и трансфери, како и за набавка на стоки и услуги. Но, се предвидува зголемување на сумите наменти за социјални трансфери и за плати и надоместоци. Задолжувањата ќе прододолжат, но со засилено темпо на странските пазари, а намалено на домашен терен.
Најголемо кратење на трошоците се прави кај сумата предвидена за капиталните инвестиции. Со ребалансот на буџетот до кој дојде Фактор, за оваа намена се предвидуваат 45 милиони евра помалку. Односно наместо првично предвидените 412 милиони евра, сега за капитални проекти предвидени се 366, 9 милиони евра.
Намалување за 13,9 милиони евра има и кај износот за субвенции и трансфери, за што сега се планирани 224 милиони евра. За 1,7 милиони евра се намалуваат трансферите до општините, и за оваа намена сега се предвидени 271 милиони евра.
Но, истовремено се зголемуваат сумите предвидени за социјални трансфери и плати и надоместоци. Па така, за годинава со ребалансот се предвидуваат, 27,4 милиони евра повеќе за социјални трансфери, односно нивниот износ е планиран на сума од 1,454 милијарди евра.
Сумата за плати и надоместоци се зголемува за 7,65 милиони евра, и за оваа намена сега се планирани да се потрошат 431 милиони евра.
НАМАЛЕНИ ДАНОЧНИ И НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ ОД ПРИДОНЕСИ
Вкупните приходи, со ребалансот се планирани на 2,834 милијарди евра, а преходно беа планирани на износ од 2,883 милијарди евра. Додека расходите сега се планирани на 3,178 милијарди евра, а претходно беа планирани на сума од 3,191 милијарди евра.
Со новите проекции, државата планира да прибере 33, 8 милиони евра помалку даночни приходи и 29, 5 милиони евра помалку од неданочни приходи, но исто така се планира дека во државната каса ќе се слеат 15,5 милиони евра повеќе од придонеси.
Вкупни расходи
- Буџет 3,191 милијарди евра Ребаланс 3,178 милијарди евра
- Буџет 2,883 милијарди евра Ребаланс 2,834 милијарди евра
- Буџет 1,650 милијарди евра Ребаланс 1,617милијарди евра
- Неданочни приходи
- Буџет 299 милиони евра Ребаланс 269,5 милиони евра
- Придонеси
- Буџет 799,8 милиони евра Ребаланс 815,3 милиони евра
Слично
