Македонскиот премиер во Лондон – се бараат британски инвестиции
Македонскиот премиер Никола Груевски отпатува во Лондон за да ги убеди британските бизнисмени да инвестираат во земјава. Во текот на бизнис форумот тој ги повикал да дојдат во посета на Македонија и да ги разгледаат постојните капацитети, како и да разговараат со компании кои веќе вложиле во земјава споменувајќи ги Џонсон Мети, потоа Џонсон Контролс и Кемет, но иКромберг и Шуберт и Дрекселмејер, Виндтек Интернешнел, Ван Хол.
Груевски истакнал дека овие компании се задоволни од условите што за него е најдобар показател за поволната инвестициска клима. Како што јави дописникот на МИА, Груевски уште еднаш ги повторил додегашните резултати како 25. место на „Дуинг бизнис“ на Светска банка, но и на 73. место според глобалниот индекс за конкурентност од Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум 2013-2014.
„Воведовме рамен данок од само 10 проценти за персоналниот и данокот на добивка, рамна даночна стапка од само 10 отсто од 2008 натаму. Воведовме и нула даночна стапка за реинвестираната добивка и постепено ги намаливме придонесите за социјално осигурување за една третина и тоа за неограничен број години и неограничена сума износи“, истакнал Груевски во Лондон додавајќи дека Македонија е земја која нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има 15 технолошко-индустриски развојни зони каде нуди ослободување од плаќање повеќе даноци.
Во евоето обраќањ, Нил Колинс од Џонсон Мети потенцира дека причините поради кои инвестирале во Македонија е дека голем дел од нивните партнери и добавувачи на делови имаат свои капацитети во овој дел од Европа.
„Постоењето на слободна економска зона беше од големо значење и тоа беше поволно за нашето идно развивање. Исто така, локацијата е во близина на аеродромот што е многу важно за поддршка на нашата фабрика. Поволност е и големиот избор на работна сила во Скопје, Велес и Куманово, патната поврзаност со Европа и можноста да стигнеме до и од нашето главно складише во Германија за околу два дена“, вели тој.
Британскиот стопанственик Лорд Нун, пак побарал нивните ставови непристраснода ги претстават луѓето коишто имаат искуство со Македонија. Даниел Гудман пак потенцирал дека она што е потребно во моментот е стратешко партнерство.
Форумот се организира во соработка со Фајненшл Тајмс, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори. Од Лондон, македонската делегација заминува за Париз.
Слично
