Македонскиот пазар на хартии од вредност премногу затворен
Стравот на раководните лица дека ќе го загубат мнозинскиот пакет акции во фирмите и недовршената приватизација - ова се главните причини заради кои на македонскиот пазар нема јавни понуди на хартии од вредност.
На трибината со наслов „Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност“, организаирана од Македонската берза, експертите се согласија дека во Македонија уште преовладува мислењето дека земањето банкарски кредит е поедноставно и помалку ризично.
Тие додаваат дека е потребна едукација за да се уверат инвеститорите оти заработката на берза може да биде поголема отколку во банките. Според брокерите, пак, кај домашните инвеститори има интерес да го вложат вишокот пари, но на пазарот со хартии од вредност има ограничена понуда.
Во 2013 година во светот имало 864 јавни понуди на хартии од вредност со што е остварен капитал од 153 милијарди долари или 27 проценти повеке во однос на 2012 година.
Во регионот, најмногу јавни понуди имало во Словенија - десет, а во Македонија се одржале само 8 понуди со вкупен капитал од 3 милиони евра, но тие биле приватни, однсоно акциите биле продадени на познат купувач.
Слично
