Македонскиот пасош – 103 врати отвора
Безвизно патување во 103 земји од светот нуди македонскиот пасош, со што се најде на 38-то место според индексот за визни рестрикции во светот, со кој се опфатени 219 земји од целиот свет.
Најпосакувани се пасошите на Финска, Шведска и Обединетото Кралство со кои без виза може да се патува во дури 173 земји во светот, а во една земја помалку без визи патуваат жителите на Данска, САД, Германија и Луксембург.
Од земјите од најблиското опкружување, најдобро котира Грција на 6-то место заедно со Австралија и Сингапур, а грчкиот пасош дозволува безвизно патување во 167 земји.
Од Македонија подобро котираат и Словенија (безвизно патување во 155 земји), Кипар (151), Бугарија и Романија (141), Хрватска (129 земји). Со српски пасош без виза можете да патувате во една земја повеќе отколку со македонски - 104.
Под нас на листата се Црна Гора (98), Турција (94), Босна и Херцеговина (91), Албанија (88).
Најлошо котираат пасошите на Азербејџан и Киргистан, кои дозволуваат безвизно патување во само 56 земји. Еве ја комплетната листа:
Слично
