Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот извоз и натаму во пад

Македонскиот извоз и натаму во пад

Македонскиот извоз бележи пад од 5,5 отсто на гопдишно ниво, по последната евиденција на Заводот за статистика.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, износот е 6 564.1 милион евра. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Во пад е и увозот кој изнесува 9 189.4 милиони евра, што е за 0.5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 2 625.3 милиони евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2024, изнесува 71.4 отсто.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.


Слично

Поврзани вести