Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот енергетски систем на 83-то место во светот

Македонскиот енергетски систем на 83-то место во светот
Македонскиот енергетски систем е рангиран на 83-тото место од 125 земји во светот според Индексот за перформанси на глобалната енергетска архитектура 2015, што го подготвува Светскиот економски форум. Економските системи на земјите во светот се оценуваат по три критериуми - економски раст и развој, еколошка одржливост и пристап до енергија и безбедност, а земјава е на втората половина од листата.

Од земјите од регионот, Албанија е рангирана на високото 13-то место, Хрватска на 21-то, Србија на 71-то. Полошо од Македонија е рангирана Босна и Херцеговина на 102-та позиција.

Од првите десет позиции вообичаено најбројни се европските развиени економии, а ги предводи Швајцарија која е високо оценета според сите три критериуми. На дното на листата е Јемен. Во извештајот се оценува дека годината што изминува била турбулентна за енергетскиот сектор во светот и дека ја одбележале геополитички кризи, стагнација на светскиот економски раст и бавно намалување на емисијата на гасови кои го создаваат ефектот на „стаклена градина“. Цените на нафтата беа колебливи и се спуштија на ниво невидено од 2010 година.
Слично

Поврзани вести