Македонски „Вранец“ ќе се служи на трпезите во Шведска
Околу 130 специјалицирани продавници за пијалоци на „Системболагет“ пројавија интерес на своите продажни рафтови да го понудат и македонското црвено вино од сортата „Вранец“ за што објавија тендер за набавка што пак ќе значи сигурен пласман на околу 24.000 амбалажи или 18.000 литри на македонско црвено вино.
Објавата на тендерот за набавна на македонски „Вранец“ од страна на монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска, „Системболагет“,претходно ја најави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција, Климент Шекеровски.
Предвидено е македонското вино да се продава во 130 продавници на „Системболагет” во период од 6 месеци почнувајќи од 15 септември 2015 година.
На тендерот ќе учествуваат поголем дел македонските винарии преку шведски увозници кои по одржаните состаноци со економскиот промотер за Шведска, Мирјана Наумоска, изразиле интерес за застапување на македонското вино на нивниот пазар.
Ова е само почеток и се очекува објава на нов тендер во иднина и за бело вино, но за да се одржи позицијата „на рафт“ потребна е успешна продажба во првите три месеци.
Во спротивно ќе почне да се продава на листата за нарачки и нема да може да се купи во секој момент во продавниците на монополот.
Слично
