Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски уникат: ТЕЦ „Неготино“ единствената фирма во која вработените примаат 1,8 милиони евра бруто плата за да не работат ништо!

Македонски уникат: ТЕЦ „Неготино“ единствената фирма во која вработените примаат 1,8 милиони евра бруто плата за да не работат ништо!
Овој капацитет за производтсво на струја лани не произвел ниту еден киловат струја, но за тоа наплатил 3,12 милиони евра од кои 1,86 милиони евра се поделени како плати на 225 вработени – секако за да не работат ништо. Замислете дури компанијата во изминативе две години работела со добивка па Владата повлекла дивиденда од вкупно 362.340 евра!!! ТЕЦ Неготино, единствената термоелектрична централа на мазут во земјава, лани наплатила 3,12 милиони евра од сметките на потрошувачите на електрична енергија иако не произвела ниту еден киловат електрична енергија! Зачудувачки нели? Уште позачудувачки е тоа што всушност намената на оваа термоелектрична централа е да не работи – таа е ладна резерва на македонскиот електроенергетски систем и нејзина задача е да се вклучи само во случај на посериозна хаварија на постоечките производствени електроенергетски капацитети. Според стручњаците ТЕЦ „Неготино“ е најдобро воопшто да не работи и да се чува за „не дај Боже“ затоа што нејзнината производственат цена во зависност од регулираната цена на мазутот знае да биде и тројно и четворно повисока од цената на државниот регулиран производител на електрична енергија ЕЛЕМ. Токму така, добро разбравте! За да не работат ништо преку цела година (освен тековно одржување на капацитетот) 225 вработени во ТЕЦ „Неготино“ лани примиле бруто плата во износ од 114,7 милиони денари. Тоа е најголемата расходна ставка на ТЕЦ-от како што централата ја нарекуваат неготинчани. Вкупните приходи на компанијата лани, според ревизорскиот извештај објавен на берзата, изнесуваат 192,05 милиони денари односно 3,12 милиони евра. Тие во споредба со 2013 година се пониски за 1,5 милиони денари. Приходите на ТЕЦ „Неготино“ ги одобрува националната Регулаторна комисија за енергетика со тоа што ги разгледува пријавените трошоци и потоа ги одобрува или не. Колку вреди ТЕЦ „Неготино“? Хм... постројките и опремата книговодствено се вредни 110.000 евра!!! Сметководствено македонската единствена мазутарна електроцентрала не вреди речиси ништо. Според ревизорските податоци, прилагодени и основани на меѓународните сметководствени стандарди, компанијата сметководствено вреди 550,8 милиони денари! Само за споредба вредноста на централата по изградбата во седумдесетите години била 4,47 милијарди денари односно 72,5 милиони евра! Сега вкупната вредност е 8,9 милиони евра. Од тоа најголема ставка е вредноста на земјиштето и таа изнесува 403,6 милиони денари односно 6,54 милиони евра. Сега таа највредна ставка при изградбата била помалку од 10 отсто од книговодствената вредност на ТЕЦ-от. Зградите на постројката сметковоствено вредат 140,3 милиони денари односно 2,28 милиони евра. А вределе 19,8 милиони евра. Постројките и опремата на крајот на 2014 година вределе само 6,8 милиони денари односно околу 110.000 евра!!! И покрај ова стручњаците се убедени дека таа централа може да произведе многу електрична енергија заради тоа што во својот животен век работела кратко. Нејзината инсталирана моќност е околу 160 мегавати, а најчесто работела со капацитет од околу 80 до 90 мегавати на час. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести