Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски телеком лидер на телекомуникацискиот пазар

Македонски телеком лидер на телекомуникацискиот пазар

Најдобри резултати за квалитетот на мобилните мрежи според истражувањата има „Македонски телеком“ кој е и прв на позицијата на пазарот на фиксни говорни услуги.

Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком.

Изборот на мрежата на Македонски Телеком за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбединајдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.

Во моментов, податоците на Македонска берза покажуваат дека оваа компанија има удел на пазарот на мобилната телефонија со 47,3%, односно се регистрирани 1.230 илјади претплатници на крајот од 2015 година.

Што се однесува до приходите од продажба во 2015 година тие изнесуваат 10,6 милијарди денари, што претставува намалување од 3,5% во споредба со 2014 година додека пак приходите од говорни услуги во фиксниот сегмент се намалиле за 12% во споредба со 2014 година поради намалениот број на корисници на фиксна телефонија и намален појдовен сообраќај за 25,6% како и помали приходи заради помал обем на дојдовен меѓународен сообраќај.

Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со фиксна мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во  Дојче Телеком Групацијата, додека пак во моментот со 4G мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3G мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3G мрежа покрива 95 отсто од територијата и 99 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.

Слично

Поврзани вести