Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда

Македонски телеком ќе подели дивиденда во износ од 1,4 милијарда денари, информираа од оваа компанија преку страната на Македонска берза.

Бруто износот на дивиденда по акција е 17,09 денари или вкупен (бруто) износ од 1.474.683.110,00 денари.

Согласно одлуката на оваа компанија сите акционери, кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 06.05.2016 година, имаат право на дивиденда за 2015 година.

 Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 03.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 04.05.2016 година а исплатата на дивиденда за 2015 година ќе се изврши на 26.09.2016 година

Исплатата на дивиденда кон физички лица - резиденти на Република Македонија, ќе се врши преку сите експозитури и филијали на Стопанска банка АД - Скопје.

Слично

Поврзани вести