Македонски телеком има нов директор
Нов главен извршен директор на Македонски телеком е Андреас Маиерхофер, кој истовремено ќе биде и претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Маиерхофер, кој досега ја извршуваше истата функција во Мобител, Бугарија, ќе стапи на новата фукција на 1 февруари.
Тој бил на чело на Мобител, Бугарија од 2009 година каде работел и како главен маркетинг директор од 2007 до 2009 година. Извесен период работел и во Si.mobil Словенија, на позициите главен оперативен директор и главен извршен директор. Има 20-годишно искуство во телекомуникацискиот бизнис.
Слично
