Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Tелеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот

Македонски Tелеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот во третиот квартал годинава, покажуваат консолидираните финансиски резултати согласно меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Во овој период од годинава има пораст на IPTV корисници и зголемен број на DSL корисници. Нето добивката изнесува 1,88 милијарди денари. Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протоколот (IPTV) се зголемени за 3 отсто во споредба со третиот квартал од минатата година.  Фокусот на „double и triple play“ пакетите го зголеми бројот на DSL корисници за 6,1 проценти, со што до крајот на септември стигна до бројка од 167 илјади корисници. Бројот на IPTV  порасна за 63,9 проценти во споредба со септември минатата година. Нето добивката за третиот квартал од годинава на ниво на Групација е зголемена за 21,9 проценти во споредба со минатата година. Ова е резултат на зголемените останати оперативни приходи и расходи поради трансакцијата за купопродажба на недвижности со размена, што резултирало во нето добивка од 1,88 милијарди денари за кварталот и нето добивка од 3,65 милијарди денари за првите девет месеци од 2012 година. Пад има кај приходите од говорните услуги во фиксната телефонија и тоа за 7,6 проценти во споредба со истиот квартал лани, како и кај мобилната телефонија, но и овде Т-Мобиле останува на водечката позиција.
Слично

Поврзани вести