Македонски судија поткупен за малку пари
Судија од Основниот суд во Охрид е осомничен дека земал поткуп, за потоа да прсуди во корист на туженото трговско друштво.
Педесет и шестгодишниот судија претходно на еден вработен во трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз-извоз од Охрид, побарал 15 000 денари за поткуп, но тој се пожалил дека толку пари не може да му плати.
Во текот на јануари годинава, повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија. Тука го известил дека претходната барана сума како поткуп од 15.000,00 денари сега ја намалил на износ од 5.000,00 денари.
При претрес на судијата полицијата пронашла пет банкноти од по 1.000 денари кои што претходно биле криминалистичко-технички обработени и со заведени сериски броеви.
Судскиот совет денеска поведе постапка за симнување на имунитетот на судијата Р.С. од Охрид, a претходно полиција поднесе кривична пријава
