Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски софтверски компании по бизнис во Германија

Македонски софтверски компании по бизнис во Германија

Oсум софтверски компании од Македонија ќе учествуваат на директни средби со компании од информатичката технологија од Германија, и ќе понудат можности за соработка. Состаноците ќе се одржана на 5-ти и 6-ти февруари во Дизелдорф, а ке учествуваат следниве компани: Артхаус, Итгма, ГОРД Системи, АСПЕКТ, Семос едукација, АСИ, СИМТ и Инет.

„Ние веруваме дека ефективните состаноци ќе предизвикаат понатамошни деловни преговори кои пак ќе вродат со продажба, нови партнерства и взаемна соработка. Македонските ИТ компании знаат дека инвестирањето во технологија, како и јакнење на капацитетите се клучни за нивната способност да се натпреваруваат, да растат и да бидат профитабилни во предизвикувачкиот глобален пазар“, изјави Кирил Миноски, сениор советник за промоција на извоз во ИДЕАС. Дводневниот настан е организиран од страна на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (Инвест Македонија) заедно со Македонската комора за информатички и комуникациски технологии, со поддршка од УСАИД и Проектот за инвестиции и промоција на извозот (IEP).  
Слично

Поврзани вести