Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски шуми купува влакнести палми, од половина милион евра!

Македонски шуми купува влакнести палми, од половина милион евра!
Македонски шуми купува палми. Палмите чинат половина милион евра. Односно, според официјалните документи, вредност на склучениот договор во кој е пресметан и ДДВ изнесува 32 148 121 денари. Според податоци ЈП Македонски шуми набавиле 1.100 садници – односно палми од видот Trachycarpus fortunei. При тоа е појаснето дека станува збор за влакнеста палма со височина на стеблото над 400 сантиметри Во договорот доставен до Бирото за јавни набавки е наведено дека Јавното претпријатие Македонски шуми, склучило договор со Друштво за производство,трговија и услуги РОССЕН ЦЕНТАР ДООЕЛ експорт-импорт с.Стримница,Желино за набавка на палми. На аукцијата биле доставени две понуди, а избрана била најниската. При тоа во временската рамка е напишано дека времетраење на договорот со избраната фирма е за период во месеци: 12 или се планира да започне од 22.12.2014.  
Слично

Поврзани вести