„Македонски шуми“ ќе купува палми за половина милион евра
Јавното претпријатие „Македонски шуми“ на тендер набавува 1.100 палми, за што планира да потроши околу половина милион евра. Огласот е објавен на електронскот систем на Бирото за јавни набавки.
Се бараат палми од видот влакнеста палма со височина на стеблото над 4 метри, кои потоа треба да бидат засадени во Дојран, Преспа, Гевгелија, Охрид и Струга.
Директорот на „Македонски шуми“ Жерко Караџоски, сепак, за Фокус вели дека половина милион евра е само проценетата вредност на набавката и оти палмите не мора да чинат толку скапо.
„Минатата година исто засадивме палми, експериментално, со тоа што садевме ниски садници и видовме дека може да успеат во Македонија. Освен тоа, делуваат убаво и ги разубавуваат туристичките места“, вели тој.
Според „Македонски шуми“, набавката е во согласност со Одлука на Владата донесена во рамките на Програмата за рурален развој.
Освен стандардните документи потребни за учество на тендер, „Македонски шуми“ бараат садниците да бидат со сертификат или уверение за нивната здравствена состојба и да имаат декларација за потеклото и школуваноста на садниот материјал.
Ако тендерот биде успешен, палмите ќе пристигнат на почетокот на ноември.
Слично
