Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ: Ова е просекот за јануари...

МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ: Ова е просекот за јануари...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017, изнесува 22 750 денари.

Во истиот период, просечната исплатена бруто-плата по вработен била 33 441 денари. 

За споредба еден месец претходно, бруто платата била 34 374 денари, а нето изнесувала 23 457 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации (9.4%), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и рударство и вадење на камен (4.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (32.2%), информации и комуникации (13.0%) и градежништво (11.7%).

Во јануари 2017 година, 1 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Во декември 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Слично

Поврзани вести