Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски павиљон на PLMA саемот во Амстердам!

Македонски павиљон на PLMA саемот во Амстердам!
Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија ќе земе активно учество на овогодинешниот PLMA саем во Амстердам, како организатор на македонскиот павиљон, кој се организира за прв пат на овој саем. На македонскиот павиљон во Амстердам ќе се претстават компаниите:  Макпрогрес; Рудине; Виталија; Конимекс; Магрони; Мултихем и Хина. 11221671_1588538201426896_8447527886934650382_nСаемот во Амстердам е најголемиот европски саем од овој тип  и е одлична можност за поврзување помеѓу производителите и трговците на производите кои се произведени под сопствена трговска марка. За македонските компании – учесници, PLMA саемот преставува можност за зголемување на можностите за извоз на пазарите во земјите на Бенелукс и пошироко. Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје го организираше Македонскиот павиљон во соработка со Холандско – Македонската стопанска комора во Македонија. Амбасадата ја обезбеди потребната логистичка и организациона поддршка, додека средствата за учество  на македонските компании се обезбедени од Холандската државна агенција - RVO. Со цел зголемување на билатералната соработка и трговската размена помеѓу Холандија и Македонија, Амбасадата ќе ги запознае заинтересираните холандски компании со условите за соработка со Македонија. Саемот ќе се одржи на 19 и 20 мај 2015, а македонскиот павиљон ќе биде лоциран во халата 8 на RAI центарот во Амстердам.
Слично

Поврзани вести