Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски навигации: Ниту минута задоцнување, рекорден број летови

Македонски навигации: Ниту минута задоцнување, рекорден број летови

Македонски навигации објави дека вчера биле евидентирани рекорден број на авионски прелети на македонсото небо по низата критики дека безбедносниот систем е доведен под знак прашалник.

„На почетокот од летната сезона М-НАВ  вторпат го урна рекордот на бројот на летови над македонското небо. Првиот пат на 29 јуни оваа година кога беа забележани вкупно 1.042 летови, и повторно вчера на 6 јули кога се забележани вкупно 1.091 лет“ соопштуваат денес од М-НАВ.

Од таму велат дека надминат е бројот на летови и на годишно ниво и дека при нивното остварување не е продуцирана ниту минута задоцнување за корисниците на нашиот воздушен простор.

Во првите шест месеци од 2019 година контролата има реализирано вкупно 97.883 oперации наспроти 82 619 операции во 2018 година. Овој пораст е остварен со истиот број оперативни контролори на летање во последните 10 години.


Слично

Поврзани вести