Македонски милионери земале социјална помош
Податоците на Народната банка покажаа дека 320 од примателите на социјална помош имаат добиено над 300 илјади денари од странство. Најголем износ добил примател на социјална помош од Липково, на кого преку брз трансфер на пари му биле испратени речиси пет милиони денари. Од Липково има уште единаесет жители коишто чекале на ред за социјална помош, а примале пари од странство, а ваков случај е забeлежен и во Штип, Куманово, Радовиш, Гостивар, Виница, Струмица и Дебар.
Пресметките покажуваат дека овие 320 приматели на социјална помош, кога ќе се земат предвид парите што ги добиле од странство, месечно на располагање имале од 30 до 416 илјади денари.
Според правилникот на Министерството за труд и социјала, дозволената сума на пари којашто може да се прими од странство изнесува 50 илјади денари на годишно ниво, а според тековните измени таа може да изнесува и до 70 илјади, доколку примателот на социјалната помош користел средства за набавка на медицински помагала.
Инаку, ниту еден од тие 320 приматели на социјална помош не ги пријавил добиените пари од странство.
