МАКЕДОНСКИ МЕНАЏЕРИ: сè повеќе осигурувања од несреќен случај!
За половина година, кај осигурувања од последиците од несреќен случај - незгода склучени се 155.246 договори. При тоа бруто-полисирана премија во овој период изнесува 329.343.000 денари. Бруто исплатена штети по овој основ изнесуваат 180.150.000 денари.
Во Македонија, во првата половина од годината склучени се 216 договори за осигурување на раководители, менаџери од последици на незгода. Бруто полсираната премија изнесува 50.676.000 денари, или околу 820 илјади евра. А додека пак бруто исплатена штета изнесува 25.794.000 денари.
Најмногу договори за незгоди во автомобили
Најмногу договори во оваа категорија има склучено за осигурување на лица од последици на незгода во моторните возила и при извршување на посебна дејност или 146.255 договори. При тоа, бруто полисираната премија изнесува 38.458 070 денари. А, по овој основ исплатени се бруто штети за сума од 2.139.270 денари.
Додека пак кај осигурување од на лица од последици на незгода при и надвор од редовна дејност склучени се 5.244 договори, а бруто полсираната премија изнсува 226.288.480 денари. За половина година исплатени се штети од 143.646,850 денари.
Кај осигурување на ученици и студенти од последици на незгода и посебни осигурувања на младина од последици на незгода за полвина година има склучено 285 договори а бруто полсираната премија изнесува 1.638,700 денари. Исплатени се штети од 7.799,580 денари.
Се осигурале 216 менаџери
Вкупно 133 договори се склучени за половина година за осигурување на гости, посетители на приредби, излетници и туристи од последици на незгода. Бруто полисираната премија изнесува 1.965,030 денари, а исплатена е штета од 58.000 денари.
Кај осигурување на потрошувачи, претплатници, корисници на останати јавни услуги и слично од последици на незгода има 14 склучени договори Бруто полисираната премија изнесува 1.225.000 денари. Бруто исплатените штети изнесуваат 167.500 денари.
Во првите шест месеци од годината кај задолжително осигурување на патници во јавниот сообраќај од последици на незгода има склучено 2.565 договори. Бруто полисираната премија изнесува 7.905,770 денари. Бруто исплатените штети во истиот период изнесуваат 432,100 денари.
Слично
