„Македонски манифест“ му порача на Венизелос да не доаѓа
Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос не е добредојден во Македонија, бидејќи не ја признава државата и народот. Затоа тој треба да се избрка, порачаа активистите на движењето „Македонски манифест“.
Членовите на „Македонски манифест“, меѓу кои има новинари, режисери, композитори, писатели и поети, се категорично против кој било од политичкиот врв на Македонија да разговара со Венизелос.
„Ние може и спонтано да се собереме, може и да фрлиме јајца, но јајцата се скапи да се трошат за таква цел“, вели познатиот македонски поет Ефтим Клетников.Во пресрет на посетата, „Македонски манифест“ упати и писмо до Венизелос со барање„Грција и тој лично да престане да се служи со лаги, притисоци, уцени и закани кон Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО“. Шефот на грчката дипломатија за два дена треба да допатува во Скопје како дел од неговата балканска турнеја како претставник на Грција, земјата-актуелен претседавач со Европската унија. За време на посетата предвидено е тој да се сретне со неговбиот македонски колега Никола Попоски, но и со премиерот Никола Груевски.
Слично
