Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Џес Бејли не е добредојден како амбасадор на САД во МАкедонија!

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Џес Бејли не е добредојден како амбасадор на САД во МАкедонија!
Негаторскиот однос на новонаименуваниот американски амбасадор Џес Бејли спрема Македонците, го прави тој човек недобредојден во нашата земја, сметаат активистите на Македонскиот манифест, кои во отворено писмо изразија огорченост од изјавата со која Бејли за македонскиот народ го употреби терминот „Словени“ во обраќањето пред американскиот Конгрес. Според Македонскиот манифест, македонскиот државен врв треба да донесе соодветна одлука со која ќе покаже дека Бејли не е добредојден во земјава. „Господине Бејли, според она што го рековте во Сенатот, Вие доаѓате како непријател на македонскиот народ. Нам ни е јасно чии пријатели се Американците на Балканот, кого избраа и за кого најмногу се залагаат. Вашиот претходник во првото свое интервју во Македонија без заобиколување кажа дека крвавата 2001-ва и Рамковниот договор, кој најгрубо форсира етнички, племенски заедници, а не граѓанско општество, се американска агенда. Терористите кои вие ги заштитувавте во овие простори сега одат во Сирија и Ирак како џихадисти и посебно им се закануваат на американските граѓани, ги бараат нивните глави“, стои во отвореното писмо до новоизбраниот шеф на американската дипломатска мисија во Скопје. Во писмото се нагласува дека „американската заблуда доаѓа оттаму што САД немаат длабоко историско минато. Тоа им припаѓа на Индијанците, кои вие безмилосно ги истребивте сосе нивните митови, легенди и традиција“. „Што се однесува до нашето македонско име, за кое ветувате дека ќе ни помогнете во спорот со Грците, Ви благодариме. Но, ние не отстапуваме за ниту една буква од нашето име. Ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту САД не се цената за нашето име и нашиот исконски идентитет за кој безброј пати во историјата сме изведувани и распнувани на Голготата на силниците. И сега безмилосно сме искачени на неа“, наведува Македонскиот манифест во писмото. „Изгледа дека мислите оти Македонците кај кои доаѓате се некоја идентитетски безлична географска маса на која, во договор со Грците и ЕУ треба да ѝ го модифицирате, односно смените автентичното име, а со тоа и да ѝ го укинете нејзиниот исконски идентитет и историска меморија. Засекогаш. Вие идеално се надоврзувате на Вашиот колега, амбасадорот Пол Волерс, кој во говор на Штуловиот универзитет во Тетово неодамна ни порача дека треба да градиме нов тип идентитет, по углед на американскиот, и да го оставиме минатото, а да се свртиме кон иднината. Идентитет на еден народ, во историска и цивилизациска смисла, не се гради прекуноќ. Кај нас, Македонците, идентитетот одамна е изграден и неговата генеза е затемелена на милениуми постоење. Сте можеле, пред да тргнете на пат за Македонија, малку да прочитате за тоа кај некои антички историчари“, нагласуваат активистите на оваа организација.
Слично

Поврзани вести