Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Македонски лавови“ – првиот фудбалски терен со вештачка трева во Македонија

„Македонски лавови“ – првиот фудбалски терен со вештачка трева во Македонија
Фудбалската Федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за равој, денеска во општина Ѓорче Петров официјално го пушти во употреба, „Македонски Лавови“ - првиот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување на десет фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија. На свеченото отворање присуствуваа премиерот Никола Груевски, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, како и Давид Патриашвили, претставник од УЕФА. „Инвестициите во развој на фудбалската инфраструктура се клучни за развојот на фудбалот. Првиот терен на кој е инсталирана вештачка трева е овој, во општина Ѓорче Петров, општина која прва ги заврши превземените обврски околу подготовката на подлогата за поставување на вештачката трева. Со ова општината ја докажа својата посветеност кон спортот како поле каде треба да се докажуваат младите таленти. Ние во Фудбалската Федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите категории, па сѐ до професионалниот фудбал. Со инсталирањето на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, а потоа и во останатите градови во Македонија ќе придонесеме многу повеќе млади луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови, што севкупно ќе значи популаризација нa фудбалот, и да се надеваме појава на многу нови фудбалски таленти“, рече првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.
Слично

Поврзани вести