Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски компании на Економскиот Балкански Форум во Софија

Македонски компании на Економскиот Балкански Форум во Софија
Неколку македонски компании се учесници на Eкономскиот Балкански Форум во Софија, што вчера попладне беше отворен. Премеирот на Бугарија Бојко Борисов во последен момент го откажа својот настап на овој настан, поради итните консултации во Парламентот по откажувањето на изградбата на гасоводот Јужен Поток. Во рамките на овој бизнис – форум, на денешните B2B средби, менаџерите од Алкалоид, Адинг, Свислион, Заралогистик и Ариљеметал ќе остварат контакти за проширување на деловна соработка со десетина бугарски компании. За време на дводневните билатерални средби Претставниците на Македонско-Бугарската Комора стопанска комора (МБСК) во Софија имаа средба и со раководство на Турско-Бугарската асоцијација во која членуваат најголемите компании што имаат значаен придонес во трговската размена од околу 4 милјарди долари, со што Турција е најголем економски партнер на Бугарија. Претставниците на Турско-Бугарската комора ја подржаа иницијативата на МБСК за реализација на мултимедијален проект “Калдрмите се живот“. “Старите чаршии на Балканот се регионално истории на отвoрено, препознатливи и култни јадра што ги поврзуваат минатото, сегашноста и иднината и за чија европска промоција како економски, историски, уметнички и туристичка дестинации потребни се заеднички проекти”, истакна претесдателот на МБСК Зоре Темелковски. За натамошно интензивирање на соработка на бизнис асоцијациите ќе биде потпишан Меморандум за приоритетите нво економската размена, помеѓу Македонско-Бугарската од Скопје и Бугарската трговска промишлена комора. Тие се иницијатори на идниот репрезентатиевн бизнис-експо форум , што напролет, под покровителство на премиерите Борисов и Груевски, би се организирал во Софија.
Слично

Поврзани вести