Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mакедонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ

Mакедонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
На петто по ред презентирање на најдобрите 100 компании во Југоисточна Европа  на 59. место се најде рафинеријата Окта која и минатата година беше единствената компанија од земјава на оваа листа.  Во ТОП 100 банки за 2012 Македонија е присутна со три банки - Комерцијална банка е позиционирана на 56 место, Стопанска банка АД Скопје на 59, а НЛБ Тутунска на 64 место. На врвните 100 осигурителни компании се најдоа Триглав осигурување АД, кој е рангиран на 64 позиција, следат Еуролинк осигурување и Сава осигурување АД на 83 односно 84 место, Кјуби на 86. и Осигурителна полиса на 98 место. На врвот на листата на најдобрите 100 компании е ОМВ Петром СА од Романија. Меѓу банките најдобра е Комерцијална банка од Романија и во делот на осигурувањето, на прво место е Заворовалница Триглав од Словенија. Годишното рангирање на SeeNews ги вклучува компаниите со најдобри перформанси во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Молдова, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. Според извршниот уредник на SeeNews, Мира Караџова, годинава првпат е вклучено и истражување за Турција и Грција со што се овозможени услови за вклучување на компании од овие две земји во ТОП 100 листите во иднина. - Економиите на земјите од Југоисточна Европа минатата година зачекорија на патот кон опоравување обидувајќи се да се справат со предизвиците од намалената побарувачка за нивните извозни продукти во еврозоната, која е нивен главен трговски партнер. Индикаторите за перформансите на компаниите презентирани во рангирањето на трите ТОП 100 листи дава јасни докази дека и покрај потешкотиите нивниот прогрес е стабилен, се вели во оценката за економијата во регионот.  
Слично

Поврзани вести