Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски компании електронски ќе следат колку трошат струја

Македонски компании електронски ќе следат колку трошат струја
Осум македонски компании воведоа електронски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија. „Aлкалоид“, „Специјал Продукт“, „Кнауф Радика“, „Промес“ „Макпрогрес“, „Здравје Радово“, „Вивакс“ и „Хај - тек корпорејшн“ се првите македонски компании кои имаат ваков систем, а очекуваат тој да им донесе заштеда на енергија и подобра конкурентност. Проектот е финансиран од американската агенција за развој УСАИД. „ Во реално време ќе бидеме во можност да гледаме што се случува во секој од производствените погони од аспект на потрошувачката на електрична енергија, што е неопходен предуслов да можеме да размислуваме за заштеди“, вели директорот за корпоративен развој на компанијата „Здравје Радово“, Данчо Велинов. „Со откривање и отстранување на потенцијалните места за поголема потрошувачка на енергија компаниите можат да заштедат и преку 30 отсто од потрошувачката“, додава директорот на проектот на УСАИД, Драган Блажев. Проектот ќе трае три години, а се планира да се овозможи воведување на систем за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во 17 индустриски компании од приватниот сектор од различни индустриски гранки.
Слично

Поврзани вести