Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски камиони со денови заглавени на граница, извозниците трпат штети

Македонски камиони со денови заглавени на граница, извозниците трпат штети

Македонски извозни камиони веќе четврт ден стојат во место на српско-хрватска граница.

Тие заглавија на границата, откако Хрватска ги затвори границите кон Србија, поради ѕидот на Унгарија. Веднаш потоа и Србија  стави забрана за премин на границата за хрватски камиони и камиони со хрватска храна.

По четири дена застој, македонските превозници  кои се натоварени со различни стоки за европски пазар, го блокираа граничниот премин, револтирани од чекањето. Тие се нервозни бидејќи храната почнува да се расипува и трпат големи загуби.

Од Асоцијацијата на превозници Макам Транс велат дека штетите се огромни и долгорочни.

Превозниците предупредија дека поради застојот, можно е да се појави недостиг на производи и суровини на македонскиот пазар.

Слично

Поврзани вести