Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски и израелски бизнисмени потпишаа Меморандум за соработка

Македонски и израелски бизнисмени потпишаа Меморандум за соработка
Преку денеска потпишаниот Меморандум за соработка македонските и израелските бизнисмени ќе ја продлабочуваат соработката. - Меморандумот значи само потврда на нашата соработка која постоеше и во минатото. Озваничувањето е со цел заеднички да настапиме на пазарите каде што имаме влијание за што полесно да ги совладаме сите предизвици што ги нуди глобалниот пазар, изјави претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи по потпишувањето. Со денеска потпишаниот документ, додаде, преоѓаме во фаза во која според барањето на нашите членки ќе донесеме оперативен план по кој ќе работиме. - Меморандумот отвора можност за секаков вид на соработка, но ние ќе направиме и стратешки план кој ќе има за цел придобивање на сите регионални пазари на кои сме присутни. Како бизнисмени со албанско потекло можеме многу полесно да пенетрираме на нашите природни пазари кои не се помали од осум милиони, но тежнееме и кон она што значи израелско искуство и бизниси. Сакаме Македонија да им биде отсткочна даска на израелските бизниси преку која полесно ќе можат да пенетрираат во балканските земји и Европа, потенцира Кучи. Претседателот на Македонско-Израелскиот бизнис клуб, Дејан Дејанов посочи дека на македонските комопании можат да им понудат конекции, Know-how, и позитивни искуства од работењето на израелските компании.  
Слично

Поврзани вести