Македонски и бугарски планинари маршираа од Русиново до Петлец
Со посета на црквата во Русиново и селските гробишта, каде на споменикот на војводите Дамјан Груев,Сандо Китанов и нивните соборци загинати на Петлец во 1906 година, положија цвеќе и им оддадоа почит, две групи планинари од Македонија и Бугарија отпочнаа заеднички планинарски марш до планинскиот врв Петлец каде на 22 декември 1906 година војводата Дамјан Груев беше убиен од страна на отоманскиот аскер.
Средно-тешката патека долга 10 километри планинарите ја совладаа за неполни четири часа.
„Се радуваме на соработката со нашите македонски колеги и им благодариме за успешната организација на маршот „Петлец 2014„ со што ни овозможија да одиме по славните врвици на војводите, загинати во нерамен бој со отоманските војски“, изјави вчера за МИА координаторот на здружението Емил Ефтимов од Благоевград.
Планинарите од друштвата „ПОП„ и „Голачка срна„ Зоран Поповски и Олгица Ристова велат дека во наредната 2015 ќе ја прошират соработката со планинарите од Благоевград, Симитли и Разлог со учество во нивните маршеви за искачување на повеќе врвови на Пирин планина.
Заедничкото дружење на македонските и бугарските планинари на Петлец заврши со заеднички ручек и пригодна културно-забавна програма.
Слично
