Македонски граѓани не побарале помош поради пожарите во Грција
МНР информира дека Македонски граѓани досега не побарале помош во Дипломатско конзуларно претставништво Атина.
Во соседна Грција близу главниот град беснеат големи пожари од вчера, па надлежните од земјава апелираат да се избегнуваат патувања во тие региони.
Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба.
Контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.
Слично
