Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски градови се најдоа меѓу најзагадените во Европа

Македонски градови се најдоа меѓу најзагадените во Европа

Два града од Македонија се најдоа меѓу најзагадените во Европа.

Интернет истражувањето на интернационалната веб страница  www.numbeo.com, покажува дека Битола е најзагаден град во Европа. Податоците покажуваат дека од 63 градови, Битола е на врвот со индекс на загадување од 83,26 и индекс на експоненцијална скала од 154,30.

numbeo-bitola-zagaduvane

Како критериуми земени се во обзир загадувањето на воздухот, загадувањето на водите, нездоволството од третманот со сметот, нечистотијата и влијанието на загадувањето во градската средина. За суспендираните ПМ10 и ПМ 2,5 честички кои предизвикуваат белодробни заболувања се посочени високи параметри (ПМ 10 -69 микро грами, а ПМ 2.5 – 40 микрограми).

На второ место по загадување е рангирано Скопје. На трето место е Торино, Италија, четврт Киев, Украина, петта е Барселона од Шпанија. Од балканските градови Сараево е на 14 место, Белград на 21, Софија на 23 и Загреб на 41 место. На дното на листата, како најмалку загаден град е Трондхајм од Норвешка.

Ова не е прв пат да се посочи на зголемената загаденост на воздухот во Битола. И мерењата на амбиенталниот воздух во земјава преку мерните станици многу пати досега го потврдиле истото.

Лани во повеќе наврати им се сугерираше на граѓаните на Битола кога воздухот е особено загаден да не излегуваат ако немаат потреба. Се смета дека РЕК Битола е главниот извор на загадувањето во градот.

Слично

Поврзани вести