Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски град се најде на листата за најдобри места за живеење

Македонски град се најде на листата за најдобри места за живеење

На овогодинешната анализа на компанијата „Mercec" која според неколку критериуми ги рангира најдобрите места за живот, се најде и град од Македонија.

Од вкупно 230 градови, градот Скопје е рангиран на 159-то место на листата за квалитет на живот.

За најдобар град и оваа година беше избрана Виена, а главни критерируми според кои се рангирани градовите се социјалните и економските услови, здравството, образованието, домувањето и животната средина.

Според Светска банка, Австрија има највисоки бројки за бруто домашниот производ по глава на жител во светот.

Во топ седум најдобри градови за живот влегуваат и Виена, Цирих, Минхен, Дизелдорф и Франкфурт.

Од нашиот регион, на 76-то место се најде Словенија, а неколку места подолу на 87-мо место е Грција.

На 115 место се вброи Бугарија, Србија со главниот град Белград се најде на 141 место и една позиција пред Скопје се најде Босна и Херцеговина, односно на 158 место. Од рангираните градови во регионот најнизок квалитет за живот има Тирана која се најде на 179 место.

Според истражувањето, најлош град за живеење е Багдад.

Слично

Поврзани вести