Македонски фирми исплаќаат 95 милиони евра дивиденда! Чии акционери најдобро поминаа?
Над 95 милиони евра бруто дивиденда исплаќаат досега 11 македонски компании на своите акционери. Добро ќе инкасира и државата затоа што од бруто добивката ќе задржи над 9 милиони евра. Во Македонија од тој износ остануваат околу над 50 милиони евра. Кои се компаниите што ги наградија своите акционери?
Во тек е уште една етапа во македонската корпоративна историја, годишната поделба на дивиденди – заслужена награда за вложувањата во акции на инвеститорите на нашиот пазар на капитал. Според официјалната евиденција досега 11 компании поделија или најавија дека ќе поделат дивиденда на имателите на акции со право на глас.
Вообичаено на листата се неколку компании кои се со повеќе годишна и докажана грижа за акционерите. Тие, чии акции всушност се и кор бизнис на Македонската берза за хартии од вредност.
„Фактор“ изработи преглед на компании кои доделија или ќе доделат дивиденда и го стави во корелација со пазарната цена (актуелна) или цената што биал актуелна на денот на пресекот за дивиденда.
