Македонски ексамбасадор ќе лежи три и пол години во затвор
Поранешниот македонскиот амбасадор во Австралија и поранешен министер за образование Перо Стојановски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службена должност.
Стојановски направил финансиска злоупотреба додека беше амбасадор во Австралија.
Кривичниот суд потврди дека пресудата е донесена на 17 септември.
Постапката ја покренало Министерството за надворешни работи, но не соопшти колкава финансиска штета е направена.
Функцијата амбасадор во Австралија Стојановски ја извршуваше две години. После тоа во 2012 се врати во Скопје и се повлече од функција со образложение дека е тешко болен.
Слично
