Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски џихадисти разменети за турски државјани

Македонски џихадисти разменети за турски државјани
Турските заложници што ги држеше теорирстичката Исламска држава биле ослободени минатиот месец најверојатно како резултат на размена на заложници, пишуваат британските медиуми. Според информациите, меѓу џихадистите кои Анкара ги „трампала“ за своите граѓани, биле и двајца македонски државјани. Групата била составена од 180 џихадистички борци кои биле ослободени во замена на 46 турски државјани. Нема информации каде турската војска ги заробила џихадистите. Според британски Тајмс, на листата чија автентичност ја потврдил и припадник на Исламската држава, имало „тројца Французи, двајца Британци, двајца Швеѓани, двајца Македонци, еден Швајцарец и еден Белгиец“. Турските власти ниту потврдуваат ниту демантираат дека нивните државјани биле ослободени со размена на заложници, но потенцираа дека за нивната слобода не бил платен откуп.  
Слично

Поврзани вести